
За првпат во историјата, во рамките на Светскиот куп во нордиска комбинација, беше одржана првата и единствената овосезонска мешана трка.
Во првата серија, скокачите скокаа на скокалницата во Вал ди Фиеме, Италија, додека во вториот дел, мажите скијаа по пет, а жените по два и пол километри.
После првата серија, Норвешка имаше блага предност пред Австрија и пред Јапонија, а конкурентен заостаток имаа уште Германија, Словенија и Италија.
Во втората серија, Австрија имаше предност од половина минута на средината на трката во однос на сите конкуренти, но во третата промена, Норвешка изби на првото место.
До крајот, Норвешка (40:55,5) ја одбрани својата предност и триумфираше на првата историска трка, пред Австрија (+10,5) и пред Германија (+23,9).
Во топ пет се пласираа уште Јапонија (+31,2) и домашната селекција, Италија (+2:00,9), а до крајот, распоредот гласеше: САД (+2:35,3), Словенија (+2:59,2) и Русија (+5:27,1).
Составот на трите првопласирани селекции го сочинуваа:
- Норвешка (Јенс Лураас Офтебро, Мари Линан Лунд, Гида Вестволд Хансен и Јорген Граабак)
- Австрија (Мартин Фритц, Аналена Сламик, Лиза Хирнер и Лукас Грајдерер)
- Германија (Јакоб Ланге, Синди Хааш, Џени Новак и Теренс Вебер)




