
Во последните три пресметки, ,,Смути Кинг Центер” се покажа како непобедлива тврдина за составот на Голден Стејт Вориорс.
Имено, синоќа, фаворизираните гости од Калифорнија загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 101-96.
Резултатот на мечот беше неизвесен во континуитет, но во четвртата четвртина, Пеликанс го држеа водството во свои раце.
Најефикасен од домашните редови беше Брендон Инграм со дабл-дабл од 32 поени и од 11 скокови.
Кај Вориорс, во отсуство на асот Стеф Кари, поентерски најрасположени беа Ендру Вигинс и Џонатан Куминга со 21, односно со 13 кошеви.
Со вториот пораз во низа, Голден Стејт (29-9) падна на второто место на Западот, додека Њу Орлеанс (14-25) скокна на тринаесеттата позиција.




