Македонскиот репрезентативец Никола Митревски е избран за најдобар голман во Португалија во изминатата сезона. Тој беше подобар од Сергеј Ернандес и Густаво Капдевил голманите на Бенфика, и Мануел Гашпар голманот на Спортинг. Онлајн гласањето беше спроведено од 7 Metros специјализиран портал за ракомет во Португалија.

Никола Митревски освои повеќе од половина од вкупните гласови односно 1768 гласови од вкупно 3387. Сите негови противници заедно имаа 1619 освоени гласови.




