
Ст. Луис Блус беа деветтата ,,жртва” во низа на Питсбург Пенгуинс, откако синоќа загубија со 5-3 во меѓусебниот дуел.
Во втората третина, Брејден Шен, Џордан Кајру и Колтон Парајко стрелаа за Блус, односно за водство од 0-2 и од 1-3.
Сепак, пред втората пауза, негативата на домаќините беше намалена на 2-3 со двата погодоци на Брајан Раст.
,,Пингвините” во потполност доминираа во третата третина и дојдоа до конечниот резултат со головите на Сиднеј Кросби, на Иван Родригес и на Брок МекГин.
Во Западната конференција, Ст. Луис остана на третото место и покрај поразот, додека Питсбург изби на седмата позиција на Истокот.




