
Далас Маверикс ја запишаа четвртата победа на последните пет средби, откако синоќа славеа над Денвер Нагетс со 103-89.
За да триумфираат, Маверикс водеа во текот на цел натпревар, а воглавно имаа помош и од дваесет и шесте изгубени топки на своите противници.
Балканските ѕвезди беа највпечатливи на паркетот со тоа што беа најефикасни во своите екипи и единствени со дабл-дабл учинок.
Кај Далас, Лука Дончиќ имаше 21 поен и 15 асистенции, додека, од гостинскиот состав, Никола Јокиќ уфрли 27 кошеви и 16 скокови.
Далас (19-18) изби на петтото место во Западната конференција, спуштајќи го Денвер (18-17) на шестата позиција.




