
Претпоследната етапа од овогодинешното издание на Тур д Ски во крос-кантри беше составена од трките на дистанца по масовен старт во Вал ди Фиеме, Италија.
На женската трка на десет километри триумфираше Наталија Непрјаева (29:51,3), која остана на првото место во генералниот поредок на турнејата.
Норвежанката Хајди Венг (+3,7) го зазеде второто место, а до првиот подиум после 29 февруари 2020 дојде Финката Криста Пармакоски (+4,8).
Во топ пет завршија уште Еба Андерсон (+7,5) и Катарина Хених (+10,9), а под прдесет секунди доцнеа Тереза Штадлобер (+14,3) и Керту Нисканен (+43,5).
Кај мажите, на трасата од петнаесет километри прв беше носителот на жолтата маичка – Јоханес Клебо (41:31,2).
Втората позиција ја зазеде Финецот Ииво Нисканен (+20,8), а плејадата од руски скијачи ја предводеше Алексеј Червоткин (+23,7), кој го комплетираше подиумот.
Веднаш позади ,,бронзениот” скијач се пласираа неговите сонародници – Денис Спитсов (+24,0) и Александер Болшунов (+27,9).



