Со синоќешната победа од 120-105, Торонто Рапторс дојдоа до четвртото последователно меѓусебно славје над Њујорк Никс.
Составот од Канада доминираше во текот на цел натпревар и стекна двоцифрено водство уште во втората четвртина.
Најефикасен поединец кај домаќините беше Фред ВанВлит со 35 поени, додека неговиот соиграч, Паскал Сијакам, уфрли дабл-дабл од 20 кошеви и од 14 скокови.
На спротивната страна, Еван Фурние запиша 20 кошеви, а по 19 додадоа Ар Џеј Берет и Оби Топин.
Во Источната конференција, Торонто (16-17) го држи деветтото место, додека Никс (17-20) паднаа на единаесеттата позиција.



