За првпат после 13 јануари 2019, селекцијата на Летонија запиша победа на тимска трка во Светскиот куп во санкање.
Во германскиот Винтерберг, балтичката земја избори победа со време од 2:24,294 минути, а во нејзиниот состав беа Елиза Тирума, Кристерс Апарјодс, Мартинш Ботс и Робертс Плуме.
На второто место заврши Австрија (+0,358), а за неа настапија Маделен Егле, Нико Глајршер, Томас Штој и Лоренц Колер.
Со освоената трета позиција, Самер Бричер, Такер Вест, Крис Маздзер и Џејсон Тердимен им го донесоа вториот овосезонски тимски подиум на САД (+0,508).
На четвртото место заврши Германија (+0,661), а по неа следуваа: Канада (+1,284), Русија (+1,513), Словачка (+1,986), Полска (+2,886), Чешка (+3,347), Кина (+4,185) и Украина (+5,620).



