Јоханес Лудвиг дополнително се осамостои на врвот на Светскиот куп во санкање во машка конкуренција.
Имено, Германецот (1:44,679) ја запиша четвртата овосезонска победа, откако беше најбрз на осмата трка во 2021/22, одржана во Винтерберг.
Второто и третото место им припаднаа на двајцата Австријци – Нико Глајршер (+0,068) и Волфганг Киндл (+0,181).
Пласманот во топ 5 го комплетираа Роман Репилов (+0,208) и Јонас Милер (+0,304), а актуелниот шампион, Феликс Лох (+0,307) ја зазеде шестата позиција.



