
Последниот слалом за 2021 од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа во италијанскиот ски-центар Бормио.
Имено, актуелниот освојувач на малиот кристален глобус во спуст, Доминик Парис (1:54,63), ја израдува домашната публика и триумфираше по јубилеен дваесетти пат во кариерата.
Италијанецот, исто така, испиша историја со тоа што стана скијачот со најмногу победи во спуст на една локација – за него, ова беше шести триумф во Бормио.
На втората позиција заврши Марко Одермат (+0,24), кој, со седмиот овосезонски подиум и прв во спуст во кариерата, го задржа првото место во генералниот поредок.
Како третопласиран, спустот во северна Италија го заврши Нилс Хинтерман (+0,80), освојувајќи го вториот пиедестал во сезоната.
На четвртото место, како последен со заостаток под една секунда, се пласираше Даниел Хеметсбергер (+0,99), а изненадувачки, на петтото место се најде Германецот Доминик Швајгер (+1,10).



