Екипата на РК Охрид есенскиот дел го заврши на петтото место во Суперлигата. Со оглед на поволниот распоред напролет кога директните ривали Бутел, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 му доаѓаат во СЦ ” Билјанини извори” се очекува Охрид да обезбеди сигурно место во плеј-офот.
За таа цел Охрид е во план дополнително да се засили. Прва мета на Охрид е одличниот пикер Костадин Петров од Металург кој и порано беше желба на тренерот Раде Стојановиќ. Со оглед на тешката финансиска состојба во Автокоманда многу веројатно е Петров да се пресели покрај езерото. Со доаѓањето на Петров тимот од Охрид добива придобивки бидејќи ќе се ослободи место за уште еден странец, па ќе може да се донесе квалитетен голман со кој ќе направат страшно голманско дуо заедно со Брауновиќ.




