
Тампа Беј Лајтнинг, со синоќешната победа од 3-4, ја прекинаа серијата од пет победи на Вегас Голден Најтс.
Имено, Голден Најтс загубија од актуелните шампиони на домашен терен за првпат после 27 октомври 2018.
Претставниците на Флорида поведоа преку првиот гол во НХЛ на Габриел Фортие, кој стрелаше во седмата минута.
Заклучно со средината на втората третина, Голден Најтс го презедоа водството во свои раце, благодарение на Марк Стоун (х2) и на Никола Рој.
Во последните три минути од вториот дел, во интервал од 43 секунди, Пјер-Едуар Белмар и Ентони Сирели погодија за израмнување на 3-3.
Конечниот резултат го постави капитенот на гостите, односно Канаѓанецот со македонско потекло, Стивен Стамкос, со својот четиринаесетти овосезонски погодок.
Во Источната конференција, Тампа Беј се наоѓа на првата позиција, додека Вегас го зазема второто место на Западот.
На синоќешната НХЛ програма беа уште девет други натпревари, но сите беа одложени поради КОВИД-19.



