
Јапонецот Рјоју Кобајаши ќе ја пречека Новогодишната турнеја како последен победник, откако денес го запиша дваесет и вториот триумф во кариерата.
Шампионот од 2018/19 беше најдобар на второто натпреварување во Енгелберг, Швајцарија, со убедливите скокови од 132,5 и од 136,5 метри.
Вчерашниот победник, Карл Гајгер, го зазеде второто место, но сепак остана првопласиран во генералниот поредок.
Подиумот го комплетираше Мариус Линдвик, додека првопласираниот од првата серија, Килијан Пајер, заврши на четвртата позиција.
Во првите десетмина, пласман изборија уште: Евгениј Климов, Халвор Егнер Гранеруд, Анже Ланишек, Даниел Хубер, Пиус Пашке и Даниел Чофених.



