
Минатата недела беше комплетирана групната фаза од тековната сезона на ЛШ, откако беше одиграно шестото коло.
Денес, во Нион, Швајцарија, беа извлечени паровите од првата рунда на нокаут-фазата, односно на осминафиналето.
Од неколкуте интересни дуели, најмногу се истакнува последниот пар помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ, во кој, на теренот, повторно ќе се соочат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.



