
Њујорк Никс го запишаа шестиот пораз на последните седум средби, откако синоќа загубија со 97-112 од Милвоки Бакс.
Актуелните шампиони водеа во текот на цел натпревар, а двоцифрено водство стекнаа уште во првата четвртина.
На крајот, од победничките редови, дабл-дабл имаше Боби Портис (19 поени и 10 скокови), трипл-дабл запиша Јанис Антетокумбо (20 поени, 10 скокови и 11 асистенции), а најефикасен беше Крис Мидлтон со 24 кошеви.
На спротивната страна, поентерски најрасположени беа Квентин Грајмс (17), Кевин Нокс (18) и Дерик Роус (18).
На табелата на Источната конференција, Бакс (18-10) скокнаа на второто место, додека Никс (12-15) паднаа на дванаесеттата позиција.



