
Германскиот клуб Гројтер Фурт ја игра само втората сезона во својата историја во Бундеслигата.
Во кампањата 2012/13, ,,Зелените” беа релегирани од елитата со само две победи во цела сезона, остварени на гостински терен.
Во рамките на петнаесеттото коло од тековната сезона, фановите на Фурт конечно искусија освојување на трите поени на својот ,,Шпортпарк Роноф Томас Сомер”.
Прва ,,жртва” на новајлиите во лигата беше Унион Берлин, кој загуби со минимални 1-0 и покрај подобрата игра во текот на мечот.
Единствениот погодок го постигна Норвежанецот Хавард Калевик Нилсен (56′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
Дебитантската победа на Фурт не беше доволна за напуштање на дното, а од друга страна, Унион остана на шестата позиција на табелата.



