
Тринаесеттото Светско првенство во флорбал се одвиваше од 3 до 11 декември во Финска.
На него, селекцијата на Шведска дојде до рекордната деветта титула, откако во финалето го порази домаќинот и бранителот на титулата, Финска, со 4-6.
После првата третина, Финска поведе со 2-0, но веќе на средината на третиот период, Швеѓаните имаа предност од 2-4.
До крајот, Финците израмнија на 4-4, но во самиот финиш, со два брзи погодоци, играчите на Шведска го поставија конечниот резултат.
Од редовите на домашната селекција, Јустус Каинулаинен постигна хет-трик, а еднаш, мрежата на Џонатан Едлинг ја затресе и Еемели Салин.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Расмус Енстром, Ким Нилсон, Линус Нордгрен, Албин Сјогрен, Тобијас Густафсон и Хампус Арен.
Во битката за бронзениот медал, Чешка Република ја порази Швајцарија после пенали.



