
Откако заврши американската турнеја, Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се врати во Европа, односно во Ст. Моритц, каде што денес беше одржана трката во супервелеслалом.
После доминацијата на Софија Гоџа на брзинските дисциплини во Северна Америка, на вториот ,,супер џи” во сезоната триумфираше домашната натпреварувачка Лара Гут-Бехрами (1:19,82).
Гоџа, иако го загуби приматот, успеа да се пласира на второто место како единствена скијачка со заостаток помал од една секунда (+0,18).
Подиумот го комплетираше водечката во генералниот пласман, Микаела Шифрин (+1,18), а Норвежанката Рагнилд Мовинкел (+1,45) се искачи на високото четврто место.
Во продолжение, пласман во топ 10 изборија уште: Аријане Редлер (+1,70), Елена Куртони (+1,74), Венди Холденер (+1,87), Федерика Брињоне (+1,90), Марта Басино (+2,01) и Јасмин Флури (+2,10).



