
Вториот натпреварувачки ден од Светскиот куп во нордиска комбинација во женска конкуренција се одвиваше на ист начин како и вчерашниот, кога се во прашање првите две позиции.
Имено, после првата серија, Мари Линан Лунд имаше предност пред Гида Вестволд Хансен, но не успеа да ја одбрани истата.
Вестволд Хансен (16:02,7) ја запиша втората победа во кариерата и стана првата жена со два триумфи во Светскиот куп.
Линан Лунд (+52,6) се закити со сребро по вторпат во два дена, а бронза на Австријците им донесе Лиза Хирнер (+1:29,1).
Пласманот во првите пет го комплетираа уште две претставнички на домашната селекција, односно Марте Линан Лунд (+1:37,3) и Ида Марие Хаген (+1:38,2).



