
На 29 декември 2019, Каролина Хурикејнс, за последен пат, ги поразија Вашингтон Капиталс.
Оттогаш, клубот од градот Рали запиша четири меѓусебни порази, од кои, последниот датира од синоќа.
Имено, претставниците на главниот град на САД славеа во ,,ПНЦ Арена” со конечен резултат од 2-4.
Во втората третина, Александер Овечкин погоди за 0-1, а водството на Вашингтон, 59 секунди подоцна, го удвои Алексеј Протас со својот дебитантски гол во НХЛ.
Во третиот дел, домаќините успеаја да израмнат на 2-2, благодарение на Јеспери Котканиеми и на Нино Нидерајтер.
На три минути пред крајот, Дмитри Орлов ја искористи играчката предност на Вашингтон и погоди за 2-3, а една минута подоцна, Џош Карлсон го постави конечниот резултат на празна мрежа.
Непосредно по натпреварот, Капиталс го презедоа водството во Источната конференција, спуштајќи ги токму Хурикејнс на второто место.



