
Актуелниот шампион во Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција, Халвор Егнер Гранеруд, се врати на формата од минатата сезона.
Имено, Норвежанецот дојде до победа на второто овосезонско натпреварување, одржано во Нижњи Тагил, пред сè поради скокот од 134,5 метри од првата серија.
Вчерашниот победник, Германецот Карл Гајгер, го освои второто место со убедлив заостаток од 8,8 поени во однос на победникот.
Најголемиот трагичар од петочните квалификации, Штефан Крафт, успеа експресно да се врати при врвот, откако денес го освои третото место.
Пласманот во топ 5 го комплетираа и двајцата најдобри Словенци – Тими Зајц и Цене Превц.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Килијан Пајер, Анже Ланишек, Маркус Ајзенбихлер, Јохан Андре Форфанг и Штефан Лаје.



