
На денешната трка во Јанкинг, Кина, во женска конкуренција, Маделен Егле повтори успех од 30 ноември 1997, односно од победата на Андреа Тагверкер во Конихзее.
Имено, Егле (1:58,822) ја запиша првата победа во својата кариера, а воедно стана и првата Австријка оттогаш наваму што славела во Светскиот куп, притоа поставувајќи рекорд на патеката од 59,390 секунди.
Втората позиција на оваа трка ѝ припадна на Германката Јулија Таубитц (+0,106), додека Лиза Шулте (+0,528) го освои третото место и воедно првиот подиум во кариерата.
Во продолжение, само уште две санкачки заостануваа под една секунда – Ана Берајтер (0,772) и Дајана Ајтбергер (+0,958).



