Според студијата која во 2019 година ја спроведоа Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисок коефициент на интелигенција (IQ) имаат Јапонците со просек од 106,49.
Во топ 10 држави во кои живее најпаметниот народ влегуваат Тајван (106,47), Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,10), Јужна Кореја 102,35), Белорусија (101,60), Финска (101, 20), Лихтенштајн (101,07), а десеттото место го делат Холандија и Германија со просечен Ај-Кју од 100,74.
Македонија е 108-ма земја во светот според интелигенцијата затоа што просечниот коефициент на интелигенција ни е 81,91. Од нашите соседи Бугарија е на 54. Место, Грција е 55-та, Србија е 59-та, додека Албанија е зад нас на 109-то место. Во регионот највисоко е Унгарија на 18-то место, Словенија е 23-та, а Хрватска е на 37. Место.



