
Со првата победа после трите врзани порази, Калгари Флејмс скокнаа до четвртото место во Западната конференција.
Имено, синоќа, во канадскиот дуел, Флејмс со 0-4 ги поразија Отава Сенаторс, кои останаа на последната позиција на Истокот.
Првото водство, Калгари го стекна во финишот на првата третина, кога Ендру Манџијапане го отвори резултатот.
Во вториот дел, гостите упатија шеснаесет шутеви кон голот на Антон Форсберг, од кои два завршија позади неговиот грб.
Стрелци на вториот и на третиот гол беа Елијас Линдхолм и Метју Ткачак, а конечниот резултат го постави Никита Задоров со својот втор овосезонски погодок.
Замената за Јакоб Маркстром на голот на Флејмс, Даниел Владар, ги одбрани сите дваесет и седум противнички удари и го запиша првиот шут-аут во својата НХЛ кариера.



