
Во 2014, Австралија ја освои својата прва титула на Светските првенства во Т20 крикет, а истиот учинок го повтори и денес, совладувајќи го Нов Зеланд со 172/4 (20) – 173/2 (18.5).
Финалниот меч започна со инингот на Нов Зеланд во кој Австралиецот Џош Хејзелвуд (3-16) освои три викети, а најефикасен беше Кејн Вилијамсон со 85 поени.
Во вториот ининг, Дејвид Варнер освои 53 поени, а победоносно беше партнерството на четвртиот викет помеѓу Митчел Марш (77*) и Глен Максвел (28*), вредно 66 поени.
Од фрлачите на поразениот состав, единствен што успеа да ги елиминира двајцата противници, Варнер и Арон Финч, беше Трент Булт (2-18).
На патот до првото финале, Нов Зеланд ја порази Англија, а Австралија помина преку Пакистан.



