
После 16 април 1977, Њупорт Каунти запиша гостинска победа над Хартлпул, откако синоќа славеше со 1-2.
Имено, двете екипи се соочија во увертирата на 16. коло од англиската Лиг 2, а во пресрет на натпреварот имаа по 23 поени.
Со вториот пораз на последните три средби, Хартлпул излезе од плејоф-зоната и падна на десеттата позиција.
Од друга страна, Њупорт ја прекина мини-серијата од два порази и скокна на петтото место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
После првото полувреме, гостите од Велс имаа минимално водство од 0-1, стекнато со четвртиот гол на последните шест настапи на Куртни Бејкер-Ричардсон (32′).
Во вториот дел, домашниот дефанзивец, Дејвид Фергусон (63′), го израмни резултатот од слободен удар со третиот овосезонски погодок, но Њупорт дојде до ,,целиот плен” во судиското продолжение, благодарение на Доминик Телфорд (90+3′).
Англичанецот, заедно со Александар Митровиќ од второлигашот Фулам, важи за голгетер со најдобра форма во англискиот фудбал, откако на последните пет натпревари постигна осум погодоци.



