
Во единствениот денешен натпревар од КХЛ, воедно и последен пред петдневната пауза поради интернационалниот Карјала Куп, Сибир Новосибирск го совлада Спартак Москва со 0-3.
За претставниците на далечниот исток, ова беше трета победа во низа над денешниот ривал, односно втора последователна среде Москва.
На мечот, хокеарите на Сибир постигнаа по еден гол во секоја третина, а во листата на стрелците се запишаа Олег Ли, Михал Чајковски и Валентин Пјанов.
На голот на победничкиот состав стоеше Антон Красоткин, кој одлично го замени Хари Сатери и со 38/38 одбрани го запиша првиот шут-аут во новата сезона.
И покрај поразот, Спартак остана на осмото место на Западот, додека Сибир ја зазема седмата позиција во Источната конференција.



