
Сакраменто Кингс стана тимот со најмногу постигнати поени на еден овосезонски натпревар, откако ги декласира Шарлот Хорнетс со 140-110.
Со исклучок на стартните минути, Кингс водеа во текот на целиот натпревар и најчесто со разлика поголема од +20.
Воедно, домаќините од Калифорнија погодија вкупно 22 тројки што претставува нов рекорд на франшизата.
Од нив, дури 8 беа дело на Бади Хилд, кој беше најефикасен кошаркар на паркетот со 26 поени.
Освен него, Ришон Холмс стана првиот играч на Сакраменто после 1994 со две статистики од 20+, откако запиша 23 поени и 20 скокови, а исто така, дабл-дабл учинок имаше и Херисон Барнс (14 кошеви и 10 скокови).
Кај Шарлот, ЛаМело Бол уфрли дабл-дабл од 24 поени и од 13 асистенции, а поефикасен од неговите соиграчи беше само Гордон Хејвард, кој постигна еден поен повеќе (25).
На табелата на Западната конференција, Сакраменто (5-4) го држи петтото место, додека Шарлот (5-5) е деветти на Истокот.



