
После петте победи во низа, Мајами Хит го запишаа првиот пораз, откако синоќа загубија со 78-95 од Бостон Селтикс.
Мајами го започна мечот со предност на своја страна, но од средината на втората четвртина, па сè до крајот, Бостон беше тимот што го контролираше водството.
Најефикасен играч на мечот беше Џими Батлер од Мајами со 20 поени, додека неговиот соиграч, Данкан Робинсон, уфрли уште 16 кошеви.
На спротивната страна, Џејлен Браун беше најпрецизен со 17 поени, пред Денис Шродер со 14.
Со вториот пораз во сезоната, Мајами падна на второто место на Истокот, додека Бостон е на единаесеттото место.



