
Едмонтон Оилерс ја прекинаа серијата од четири врзани победи на Нешвил Предаторс, совладувајќи ги во Канада со 5-2.
Леон Драисаитл им донесе водство на домачините во седмата минута, а до крајот на првата третина, Мет Душен израмни на 1-1 за Нешвил.
Во вториот период, двете екипи упатија по девет шутеви кон противничкиот гол, но само еден, изведен од Каилер Јамамото (Едмонтон), заврши со промена на резултатот.
Во четвртата минута од третиот дел, Драисаитл се запиша во листата на стрелците по вторпат на мечот за водство на Оилерс од 3-1.
Германецот дојде до бројка од 20 поени (9 голови и 11 асистенции) после само осум натпревари и влезе во историјата како седми хокеар со 20+ поени на помалку од 10 настапи во последните триесет години.
До крајот, Девин Шор и Јесе Пулјујарви стрелаа за Едмонтон, а за Предаторс погоди уште Рајан Џохансен.
Во Западната конференција, Оилерс и понатаму останаа на првото место, додека Нешвил падна на осмата позиција.



