
И против најопасниот противник на хартија од групната фаза на СП во Т20 крикет, Англија забележа убедлива победа.
Имено, денес, Англичаните дојдоа до третиот триумф во низа, совладувајќи ја Австралија со убедливи 125/10 (20) – 126/2 (11.4).
Од претставниците на најмалиот континент, капитенот Арон Финч постигна 44 поени од 49 топки и беше најдобар удирач во својот состав.
Од англиските фрлачи, во првиот ининг најмногу се истакна Крис Џордан (3-17), додека по два викети освоија Крис Воукс (2-23) и Тајмал Милс (2-45).
Во вториот ининг, доволни беа само четири англиски напаѓачи за да се стигне австралиското водство, при што најефикасен беше Џос Батлер (71*).
Од фрлачите на поразениот состав, викети зедоа само Ештон Агар (1-15) и Адам Зампа (1-37).
Во групата Б, Англија е единствена селекција со стопроцентен учинок, додека Австралија, со првиот пораз, ѝ го отстапи второто место на Јужна Африка.



