
После серијата од осум врзани порази, екипата на Кардиф остана без тренерот Мик МекКарти и успеа да избори херојско реми.
Во петнаесеттото коло од англискиот Чемпионшип, момците од главниот град на Велс ремизираа со 3-3 против Стоук на гостински терен.
Фудбалерите на Стоук, заклучно со воведната минута од второто полувреме, стекнаа предност од навидум убедливи 3-0 преку Џејкоб Браун (8′) и преку Стивен Флечер (16′, 46′).
Сепак, гостите од Велс во буквална смисла ги добија своите пет минути и успеаја експресно да израмнат на 3-3.
Стрелци за избраниците на привремениот тренер, Стив Морисон, беа Рубин Колвил (66′), Марк Херис (70′) и Кифер Мур (71′).
Со новиот бод, Кардиф остана на само една позиција над ,,црвената” зона, додека Стоук го зазема деветтото место.



