
Јута Џез го задржаа стопроцентниот учинок после четири одиграни средби, откако синоќа ги декласираа Хјустон Рокетс со 91-122.
Џез го презедоа водството уште во првата четвртина, кога воедно го зголемија на двоцифрен износ и го држеа до самиот крај, притоа ,,билдајќи” го до +36 во два наврати.
Од редовите на Рокетс, само тројца кошаркари имаа двоцифрен број поени, односно Кристијан Вуд (16), Алперен Шенгин (14) и Џејлен Грин (13).
На спротивната страна, Бојан Богдановиќ беше најефикасен со 19 поени, а дабл-дабл забележа најдобриот скокач во досегашниот тек, Руди Гобер, со 16 кошеви и со 14 скокови.
Во Западната конференција, Јута (4-0) се наоѓа на самиот врв, додека Рокетс (1-4) ја заземаат тринаесеттата позиција.



