
Иако моментално е член на третата англиска лига, екипата на Сандерленд се пласира во првото четврт-финале на ЕФЛ Купот после сезоната 2000/01.
Во осмина-финалето, ,,Црните мачки” беа подобри од второлигашот КПР после пенали.
Во регуларните деведесет минути, двете екипи пружија неверојатна игра со многу шанси, но резултатот остана 0-0.
При изведувањето на пенал-серијата, од вкупно четири фудбалери на КПР, дури тројца, Чарли Остин, Илијас Шер и Јоан Барбе, го промашија својот удар.
На спротивната страна, за Сандерленд погодија Ејден МекГиди, Рос Стјуарт и Алекс Причард.
Засега, во четврт-финалето се квалификуваа уште Челзи и Арсенал, кои ќе ги дознаат своите ривали после ждрепка.



