
Домашната публика во Мизано, Италија во потполност уживаше во шеснаесеттата овосезонска трка од Мото 3 категоријата.
На неа, домашниот возач, Денис Фоџа, направи неверојатен подвиг и ги задржа шансите за шампионската титула на две трки пред крајот.
Италијанецот стартуваше од четиринаесеттата позиција, а накрај успеа да дојде до конечен триумф и да му се доближи на лидерот во генералниот пласман, Педро Акоста, на само дваесет и еден поен.
Токму Акоста може да биде среќен од целиот исход бидејќи во последниот сектор успеа од петтото да скокне на третото место.
Неговиот тимски колега, Хауме Масија, заврши како второпласиран и ја завери шампионската титула на ,,Ред Бул КТМ Ајо”.
Во продолжение, пласман во топ 10 изборија уште: Дерин Биндер, Стефано Непа, Николо Антонели, Романо Фенати, Ајуму Сасаки, Чавиер Артигас и Филип Салач.



