
Синоќа, за првпат после две години, Њујорк Ренџерс триумфираа во канадската престолнина, славејќи над Отава Сенаторс со 2-3.
Започнувајќи од првата минута, заклучно со шест минути пред крајот на натпреварот, Отава имаше предност од 2-0, стекната со головите на Ник Пол и на Џош Норис.
Во втората половина од третиот период, односно во интервал од три минути, гостите од САД успеаја да направат целосен пресврт.
Имено, за претставниците на ,,Големото јаболко” стрелаа тројца различни хокеари – Крис Крајдер, Рајан Линдгрен и Баркли Гудроу.
После првиот погодок на Ренџерс, голманот на домаќините, Мет Мареј, се здоби со повреда, а неговото место го зазеде Антон Форсберг.
Непосредно по натпреварот, со четвртата победа во низа, Ренџерс го освоија врвот на Источната конференција, додека Сенаторс паднаа на четиринаесеттата позиција.



