
За првпат после 2011, екипата на Хартлпул го надигра Херогејт, откако во четиринаесеттото коло од Лиг 2 славеше со 3-2.
Поранешниот играч на Хартлпул, Лук Армстронг, во 28. минута асистираше кон Џорџ Томсон за почетно водство на Херогејт, а до крајот на првото полувреме, Нил Бирн (35′) постигна автогол за 0-2.
Во вториот дел, односно во интервал од седум минути, мрежата на Марк Оксли ја затресоа Дејвид Фергусон (52′), Марк Кален (53′) и Мети Дели (59′), кои го комплетираа пресвртот и го поставија конечниот резултат.
Хартлпул, иако важеше за еден од кандидатите за враќање во Националната лига после една сезона, им пркоси на предвремените калкулации и го зазема високото седмо место.
Од друга страна, Херогејт беше второпласиран, но со само еден освоен поен на последните три средби се спушти на петтата позиција.



