
Англиската репрезентација го започна тековното Светско првенство во Т20 крикет со неверојатна победа од 56/4 (8.2) – 55/10 (14.2) над Западните Инди.
За Англија, ова беше прва победа над денешниот ривал на СП во Т20 крикет, додека претставниците на Средна Америка го имаа најнискиот учинок во историјата на истото натпреварување.
Од англиските фрлачи, рекордни фрлачки перформанси оствари Адил Рашид, кој влезе во историјата со својата економија од 0,9 и со учинокот од 4-2 после 14 топки.
Од удирачите на Западните Инди, единствен со двоцифрен број на поени беше искусниот Крис Гејл (13), а кај Англија, најефикасен беше Џос Батлер (24*).
Во групата 1, после првиот натпреварувачки ден, Англија го дели првото место со Австралија, која славеше над Јужна Африка со 121/5 (19.4) – 118/9 (20).



