
Во досегашниот тек од новата НХЛ сезона, единствено две екипи имаат завршено натпревар без постигнат погодок.
Пред два дена, оваа дејност им ,,појде од рака” на Монтреал Канадиенс во поразот од 0-5 од Сан Хозе Шаркс, а синоќа, истото го направија и Детроит Ред Вингс, кои загубија со 0-3 од Калгари Флејмс.
На голот на канадските претставници стоеше поранешниот голман на Ванкувер Кенакс, Јакоб Маркстром, кој со 33/33 одбранети шутеви го запиша четвртиот шут-аут во дресот на Флејмс.
Освен него, важни за победата беа и тројцата голгетери – Елијас Линдхолм и Ендру Манџијапане во првата, односно Метју Ткачак во третата третина.
За Детроит бранеше Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, кој на два натпревари во новата средина прими вкупно девет погодоци.
Во Западната конференција, Калгари, со три бодови, го зазема осмото место, додека Детроит е деветти на Истокот со два поени повеќе од денешниот ривал.



