
Во петтиот меѓусебен дуел од полуфиналето на МЛБ, ЛА Доџерс ги поразија Атланта Брејвс со 11-2 и намалија на вкупни 3-2.
На мечот, уште во првиот ининг, Брејвс поведоа со 0-2 преку хоум-ранот на Фреди Фримен и трчањето на Ози Албис.
Во продолжение, односно во наредните седум периоди, Доџерс не примија ниеден поен, а постигнаа дури единаесет.
Во листата на поентерите за домашниот состав со хоум-ран се запишаа Еј Џеј Полок (х2) и Крис Тејлор (х3), а по четири бази освоија уште Алберт Пухолс (х2), Муки Бетс, Треј Тарнер и Кори Сигер.
Шестиот, а потенцијално и последниот дуел на двете екипи ќе се одигра утре во Атланта со почеток од 23.08 часот по македонско време.



