
Шампионите од 2018/19, Ст. Луис Блус, ја започнаа новата НХЛ сезона со три последователни триумфи.
Синоќа, претставниците на Мисури ги надиграа фаворизираните Вегас Голден Најтс со резултат од 1-3.
После две третини, на семафорот стоеше 1-1, откако Вилијам Карлсон стрелаше за Вегас, а Брендон Саад, со првиот гол во новиот дрес, израмни за гостите.
Во третата третина, Владимир Тарасенко и Иван Барбашев ја затресоа мрежата на Робин Ленер за комплетирање на пресвртот, односно за заверување на победата.
Освен стрелците, за победничкиот состав, важна алка беше и голманот Џордан Бинингтон со 42/43 одбранети шутеви (97,67%).
На Западот, Блус се искачија на првата позиција, додека Голден Најтс паднаа на дванаесеттото место.



