
Атланта Брејвс дојдоа на само чекор од пласман во финале, откако синоќа ги совладаа ЛА Доџерс со 2-9 и поведоа со 3-1 во меѓусебната серија.
Гостите на мечот поентираа во четири различни ининзи, притоа постигнувајќи и четири хоум-рани преку Еди Росарио (х2), Адам Дувал и Фреди Фримен.
Освен нив, во листата на стрелците се запишаа уште Ози Албис (х2) и Дансби Свансон, кои освоија по четири бази.
Од друга страна, единствени поентери за Доџерс беа Џастин Тарнер и Коди Белинџер со трчање во петтиот ининг.
Веќе после оваа средба, екипите се селат во Атланта, каде што Брејвс ќе можат да изборат финале пред домашната публика.



