
Монтреал Канадиенс, односно актуелните вицешампиони на НХЛ, влегоа во новата сезона со четири последователни порази и со гол-разлика од само 3-15.
Синоќа, канадските претставници загубија на домашен терен од аутсајдерите на хартија, Сан Хозе Шаркс, со резултат од 0-5.
За Шаркс, во отсуство на суспендираниот ас, Евандер Кејн, два гола забележа Џонатан Дален, а по еднаш, мрежата на Џејк Ален ја затресоа Ерик Карлсон, Тимо Мајер и Кевин Лебенк.
За голманот на Шаркс, Адин Хил, ова беше втор натпревар воопшто во НХЛ на кој го запиша и првиот шут-аут со 21/21 одбранет шут.
Со десеттата меѓусебна победа во низа, Сан Хозе се искачи на третото место на Западот, додека Монтреал е последен во Источната конференција.



