
На првиот домашен меч од полуфиналната серија, ЛА Доџерс ги совладаа Атланта Брејвс со 6-5 и намалија на вкупни 2-1.
На мечот, домаќините поведоа со 2-0 уште на самиот старт, а гостите направија пресврт од 2-5 со поените во четвртиот и во петтиот ининг.
Сепак, актуелните шампиони изборија конечен триумф, откако поентираа дури четири пати во осмата деветтина.
Од редовите на победничкиот состав, хоум-ран забележаа Кори Сигер и Коди Белинџер, а по четири бази освоија Муки Бетс, Вил Смит, Еј Џеј Полок и Крис Тејлор.
Кај Атланта, во липоентерите се запишаа Фреди Фримен, Остин Рајли, Џок Пидерсон, Адам Дувал и Ози Албис.
Двете екипи ќе го одиграат својот четврт полуфинален дуел вечерва во 02.08 часот после полноќ.



