
По третпат во низа на меѓусебните дуели, односно по третпат во низа во тековната сезона, Торпедо Нижњи Новгород успеа да запише триумф.
Имено, денес, претставниците на Западот ги поразија хокеарите на Автомобилист Екатеринбург со 4-3.
На мечот беа направени вкупно два пресврти, по еден и на двете страни, а Торпедо триумфираше со гол во третата третина.
За домаќините, во листата на стрелците се запишаа Енди Миел (х2), Иван Чехович и Даниел Заар, додека за гостите погодија Стефан Да Коста, Сергеј Шумаков и Брукс Мајсек.
На табелата на Западната конференција, Торпедо го држи седмото место, додека Автомобилист е шести на Истокот.



