
Во третото коло од турската одбојкарска Ефелер лига, второлигашкиот шампион од минатата сезона, Кизилтепе, го запиша првиот пораз.
Претставниците на југоисточна Турција, среде Истанбул, испуштија одлична прилика за освојување на најмалку еден поен и загубија од Галатасарај со 3-1.
Во првиот и во вториот сет, двете екипи релативно лесно дојдоа до 25 поени, откако гостите поведоа први (18-25), а домаќините израмнија на 1-1 (25-13).
Третиот сет ја прикажа најголемата борба на теренот при која Кизилтепе водеше со 21-24 и не искористи шест сет-топки, наспроти Галатасарај, кој ја освои партијата при втората сет-прилика (30-28).
Во четвртата партија, психолошкиот план на гостите беше во потполност раздрман, а сето тоа го искористија претставниците на Истанбул за конечна победа (25-18).
Кај победничкиот состав, неверојатна партија одигра Морис Армандо Торес (23 поени), а двоцифрени беа уште Бурутај Субаши (16) и Марко Седлачек (16).
Од избраниците на Мехмет Акиф Гурген, во нападот се истакнаа само Михал Филип и Марко Бојиќ со 22, односно со 11 поени.
На табелата, со втората победа, Галатасарај скокна на шестото место, оставајќи го Кизилтепе на осмата позиција.



