
Неочекувано, Бафало Сабрес станаа првиот тим во НХЛ со стопроцентен учинок после два натпревари, откако синоќа славеа над Аризона Којотес после пенали.
Во регуларниот дел, мечот заврши со 1-1, така што Ендру Лад стрелаше за 0-1 за Аризона, а Коди Екин погоди за Бафало.
Голманот на ,,Којотите”, Карел Вејмелка, го запиша своето деби во НХЛ, на кое одбрани 32/33 противнички удари (96,97%) од игра.
Сепак, Чехот, во пенал-серијата, не успеа да ги запре Тејџ Томпсон и Арту Руотсалаинен, кои му донесоа победа на Бафало.
Непосредно по натпреварот, Сабрес го заземаа првото место во Источната конференција, додека Аризона беше единаесетти тим на Западот.



