
Атланта Брејвс го започнаа полуфиналето на ист начин како и минатата сезона, односно со триумф во првиот меч над ЛА Доџерс.
Синоќа, претставниците на Џорџија, на домашен терен, ги поразија ривалите од Калифорнија со резултат од 3-2.
Двете екипи постигнаа по два поени во првите четири ининзи, а Брејвс дојдоа до триумфот во последната деветтина.
Од поразениот состав, Вил Смит постигна хоум-ран, а Еј Џеј Полок освои четири бази.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Остин Рајли, додека со трчање поентираа Еди Росарио и Ози Албис.
Вториот дуел од меѓусебната серија ќе биде одигран вечерва на истиот стадион, ,,Труист Парк”, со почеток од 01.38 часот по македонско време.



