Во драматичен меч во Битола, гостинот Тиквеш славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 24-26 (полувреме 12-14). Најефикасен кај домаќинот беше Кузманоски со 5 гола, додека кај гостите Симиќ со 7 гола.
Екипата на Прилеп на домашен терен беше подобра од Струга со 25-22. Христијан Милошески постигна 5 гола беше прв стрелец кај Прилеп, додека во тимот на Струга најефикасни беа Славе Јанковски со 6 гола и Владо Кастратовиќ со 5 погодоци.
Во големото дерби Бутел славеше со Охрид со 15-14 (полувреме 10-6). Најдобар кај победникот беше голманот Градимир Чаневски со 18 одбрани, додека кај Охрид, исто најдобар поединец беше голманот Брауновиќ со 13 одбрани.
Ракометарите на Металург убедливо го совладаа Радовиш со 31-19. Халил Озтурк со 8 голови и Златко Хорват со 7 беа најдобри во составот од Автокоманда, додека за гостите од Радовиш, Органџиев постигна 6 голови.



