Ангели имаа одлични 15.минути под „Кале“, но не го задржаа големото водство, фаворитот слави победа (86:69)
Работнички стигна до уште една теша победа, трета по ред за најтрофејниот клуб во Македонија, И по трет пат избраниот состав на тренерот Тони Симиќ мораше добро да се испоти, сега да надополни и негатива од 20.поени за да стигне до планираните бодови.
Дебитантот во Првата лига, екипата на Ангели, не делуваше така во првите 15.минути од играта. Имаше и плус од 20.поени, но не ја задржа. Една лоша трета четвртина, ги врати многу назад, по то немаше враќање…



